
Тартуфот е редок вид елитна печурка со специфична арома и исклучителен кулинарски вкус. Во европските и светските региони е познат како таканареченото „црно злато“ поради неговата реткост и препознатлива арома.
Она што е особено вредно е што овој производ се наоѓа и во македонскиот регион, а за нас е голема чест да го донесеме тартуфот на трпезата на секој љубител на нови и богати вкусови.
Дополнително, тартуфите се богати со различни хранливи состојки. Тие имаат антибактериски својства, богати се со антиоксиданси, помагаат во уништување на канцерогени клетки и поседуваат антиинфламаторни својства, што ја прави оваа печурка вистински еликсир на здравјето.
Тартуфите се печурки кои растат под земја на длабочина од 10 до 30 см, што ги прави тешки за пронаоѓање во природата.
Тие мора да бидат ископувани од професионалци, а начинот на вадење од почвата треба да биде прецизен и внимателен. Овие печурки живеат во симбиоза со корените на дрвјата, па затоа внимателното ископување овозможува коренот на дрвото да се обнови, а од преостанатите спори на тартуфот, по одреден период, повторно да израснат нови тартуфи на истото место.


Со голема страст, посветеност и ентузијазам, го носиме најскапоценото гастрономско богатство директно од природата на секоја трпеза.
Тирана 2“ бр. 18,
1000 Скопје
Р. Северна Македонија
