
EVAL DOO е компанија посветена на преработка на тартуфи и производство на различни производи кои содржат тартуфи.
По години одгледување и тренирање кучиња, копање и потрага по тартуфи, решивме ова да го претвориме во наш личен бренд и да го започнеме овој семеен бизнис, користејќи ја уникатноста на овој производ и претставувајќи го на нашиот пазар.
Нашите производи се сметаат за домашни, бидејќи тартуфите што ги нудиме потекнуваат од македонскиот регион. Комбинациите на вкусови што ги нудиме се уникатни, богати и во чекор со високо рангираните европски кујни, а сепак достапни за секој што сака да го доживее извонредното уживање на тартуфите.
Со голема страст, посветеност и ентузијазам, го носиме највредното гастрономско богатство од природата на секоја трпеза.
Останатите производи се наменети за сите кои сакаат да експериментираат со разновидни медитерански, француски, италијански и други европски вкусови, и по достапна цена да си дозволат уживање во некој од производите што ги нудиме.


Со голема страст, посветеност и ентузијазам, го носиме најскапоценото гастрономско богатство директно од природата на секоја трпеза.
Тирана 2“ бр. 18,
1000 Скопје
Р. Северна Македонија
