
Shepherd’s Pie со масло од тартуф
Shepherd’s Pie со масло од тартуф
Состојки
1 kg мелено говедско месо
1 kg мелено бивољо или јагнешко месо
1 голем кромид, ситно исечкан
1 голем морков, исечкан
1 чаша рендана тиквичка
Сол и свежо мелен црн бибер
1–2 лажички чадена пиперка
1 лажичка Worcestershire сос (или соја сос)
2 kg компири, излупени
1 лажица путер
1/2 чаша павлака
1/2 чаша рендано Gruyère сирење, плус 2 лажици за декорација и прелив
Околу 1 лажица TUF масло од тартуф, плус дополнително за завршен прелив
Без разлика дали сте поминале активен ден надвор или уживате во мирно попладне дома, ви препорачуваме јадење што ќе ве воодушеви. Домашниот Shepherd’s Pie со TUF масло од тартуф ќе стане вашиот омилен избор за затоплување на телото и душата во студен зимски ден.
Забелешка
За горниот слој може да се користи мешавина од варени компири и пашканат. Исто така, слободно можете да додадете и други зачини по ваш вкус за различна арома.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200°C.
Ставете го меленото месо во тава без дополнителна маснотија и гответе со често мешање додека месото не почне да добива кафеава боја.
Додадете ги кромидот, морковот и тиквичката и продолжете со готвење околу 10 минути. Додадете ги сите зачини и Worcestershire сосот, па динстајте околу 15 минути со повремено мешање. Префрлете ја смесата во плиток сад отпорен на печење.
Во меѓувреме, сварете ги компирите во лесно посолена вода додека не омекнат. Добро исцедете ги и испасирајте ги, додавајќи путер, павлака, масло од тартуф, сол, бибер и сирење.
Распоредете го пирето од компири врз месото. Посипете со дополнително сирење и масло од тартуф. Печете во загреаната рерна околу 20 минути, или додека сирењето не добие златно-кафеава боја. Послужете веднаш.