За нас

Претпријатието ЕВАЛ ДОО е наменето за обработка на
тартуфи и производство на најразличен тип на
производи што содржат тартуф.

Одгледувајќи и тренирајќи кучиња повеќе години
наназад, и откопување и трагање по тартуфите,
решивме да го претвориме во наш личен бренд и да го
отпочнеме овој фамилијарен бизнис, употребувајќи ја
уникатноста на овој производ и пласирајќи ја на
нашиот пазар.

Производите важат за домашни, бидејќи тартуфот
којшто ќе го пласираме доаѓа од македонското
поднебје. Комбинацијата на вкусови кои што ги нудиме
се специфични, богати, во чекор со високо
рангираните европски кујни, а сепак достапни за секој,
којшто има желба да го проба несекојдневното
задоволство од тартуфот.

Со голема страст, посветеност и ентузијазам, директно од природата го донесуваме најскапото гастрономско богатство на секоја трпеза.

Останатите производи се повеќе наменети за секој кој би сакал да експериментира со најразлични медитерански, француски,
италијански и останати европски вкусови, да си дозволи по прилагодна цена еден од останатите производи кои ќе ги понудиме.

Производите може да се купат во продажната мрежа на ТИНЕКС маркетите и на нашата веб страна.

Производи