„Како наједноставна споредба, тарфутот
е дијаматот во гастрономијата“
– Jean Anthelme Brillat-Savarin

Палетата од вкусови е уникатна, по таен домашен
рецепт и внимателно избрани додатоци, кои се
лесно применливи во сечија кујна.

Магичниот тартуф

Секој што ја цени одличната италијанска храна,
веројатно веќе слушнал за тартуфи. Тие се сметаат за
еден од најголемите кулинарски деликатеси и се многу
барани поради уникатен вкус , арома и реткост.

Тартуфот, ретката елитна печурка, со специфична
арома е внимателно избрана од македонското
поднебје и ни нуди врвен кулинарски вкус. Многу
разновидни специјалитети може да добијат вкус до
совршенство со мал додаток на тартуф .

Повеќе за тартуфот

Производи

Целосно контролиран процес за врвен квалитет

Тартуфите се печурки кои се наоѓаат под земја на длабочина од 10 до 30 см, што ги отежнува да се најдат во
природата. Тие мораат да бидат откопани од професионални лица, а начинот на нивното вадење од почвата
мора да е прецизен и внимателен. Од почетокот, односно самата берба секој тартуф наменет за продажба се
подложува на многу строги проверки во однос на сите eстетски- квалитативни параметри, кои обезбедуваат
многу висок квалитет на сите понудени тартуфи. Овој аспект е клуч за квалитетот и успехот на Tuf.