Италијанска киноа рижото лазања со масло од тартуфи

Италијанска киноа рижото лазања со масло од тартуфи

Потребни состојки за сос

  • 115 грама сечкана сланина (опционално, но додава одличен
    вкус)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1/2 мал сладок кромид исечкан на коцки
  • 2 чешниња лук мелени или изрендани
  • 1 црвена пиперка исечкана на коцки
  • 450 грама мелен зачинет италијански пилешки колбас или обичен зачинет италијански колба (може да ја надополните со обично мелено пилешко или говедско месо доколку не сакате многу зачитено)
  • 1 лажичка суво оригано
  • 1 лажичка сушен босилек
  • 1 лажичка сушен магдонос
  • 1/2 лажичка сува мајчина душичка
  • 1 лажичка бибер + 1/2 лажичка кошер сол
  • 30гр мелени домати
  • 4 лажици доматна паста
  • 1 чаша млеко

Потребни состојки за рижото од киноа со масло од тартуфи

  • 2 лажици путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 х 1/2 чаши сува киноа
  • 5 чаши топла пилешка супа
  • 1/2 чаша бело вино
  • 1/2 лажичка сол + бибер плус повеќе по вкус
  • 1 чаша свежо рендан пармезан
  • масло од тартуфи за преливање
  • 2 чаши проволоне сирење рендано
  • 1 чаша сирење моцарела рендана
  • сецкан свеж босилек или магдонос за украс

Порции: 8
Време за подготовка: 30 мин

Време за готвење: 1 ч

Вкупно време: 1ч и 30 мин

Калории по порција: 715 kcal

Нутриционистичките информации се само проценка. Точноста на нутритивните информации за кој било рецепт не е загарантирана.


Да, добро прочитавте. Лазања направена од киноа рижото. Простете ни италијанци, но овојпат тестенините ги заменуваме со киноа. Правиме специфична уникатна лазања, на поздрав начин, со масло од тартуфи. Значи, во основа, ова е традиционална лазања, но направена малку поздрава со киноа. можеби изгледа досадно, но е навистина превкусна. Една од тајните е за правењето на сосот е да користите зачинет италијански пилешки колбас. ова додава многу повеќе вкус од традиционалното мелено говедско месо. Останатото е сè прилично едноставно. рижото од киноа не е како типично рижото каде што седите на шпорет 45 минути и мешате. Не, ова е всушност прилично лесно и навистина завршувате само со мешање вкупно можеби десет минути. Плус, тука е вклучено и масло од тартуфи. Што го надополнува јадењето и додава толку богат вкус. тоа е вкус што ве тера да размислувате „што етоа“, но на добар начин. Но, ако не сте месојад или вашите гости не јадат месо, направете вегетаријански сос. Само заменете го колбасот со мешавина од зеленчук. Предлагаме тиквички, печурки, пиперки и моркови. Потоа, можеби додадете грав или леќа за убава текстура + протеини. Прилагодлив рецепт за секого.

Подготовка

1. Започнете со правење сос. Во тенџере со тешко дно, испржете 1 лажица маслиново масло и сланината на средна топлина, мешајќи додека сланината не порумени, околу 5 минути.


2. Додадете го кромидот, лукот и црвената пиперка и говете, мешајќи додека зеленчукот не омекне, околу 5 минути. турнете го зеленчукот на страната на тавата и зголемете ја топлината на средно-висока. Додадете 1 лажица маслиново масло во центарот на тавата и издробете ги во мелениот колбас. Гответе без мешање 3 минути, а потоа почнете да го кршите месото и продолжете да готвите, мешајќи повремено, додека не порумени, околу 5 минути. Додадете ги ориганото, босилекот, магдоносот и мајчината душица. Гответе уште една минута.


3. Додадете ги доматите, доматната паста, 1 чаша млеко, сол и бибер во тенџерето. Варете го сосот со повремено мешање додека не се згусне, околу 20-30 минути. Додадете сол и бибер по вкус.


4. Додека се готви сосот, направете ја киноата. Доведете 4 чаши пилешка супа да се варат во тавче со висока страна од околу 30cm. Додадете киноа, намалете ја топлината на средно-ниска, покријте и варете додека не се впие меката и пилешката супа, околу 15 минути.


5. По 15 минути извадете го капакот и додадете ги путерот, маслиновото масло и преостанатата 1 чаша пилешка супа, енергично мешајте 5 минути, додека киноата не се згусне. Додадете го виното и пармезанот. Ȃродолжете да мешате енергично 2 до 3 минути, додека киноата не стане густа и кремаста. Зачинете со сол и бибер. Посипете со 1-2 лажици масло од тартуфи.


6. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. За да ги соберете лазањите, подмачкајте сад за печење со димензии 9×13 инчи (89 x 127 mm). Намачкајте го рижотото од киноа во еден рамномерен слој на дното на подмачканиот сад. Прелијте ја киноата со сосот од месото, а потоа одозгора со проволоне и сирење моцарела. Печете 30-35 минути или додека кашкавалот не порумени и сосот не издува. ȁставете да отстои 10 минути, а потоа исечете и послужете со малку кора леб и малку масло од тартуфи.


7. Украсете со свеж босилек или магдонос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *