Магичниот тартуф
Тартуф е редок вид на елитна печурка со специфична аромаи врвен кулинарски вкус.
Во европските и светските региони важи за
таканаречено црно злато, токму поради неговата
реткост и карактеристична арома.
Одлично е тоа што овој производ се наоѓа и на
македонското поднебје, а наша особена чест е што
можеме токму тартуфот да го донесеме на секоја
трпеза кај секој љубител на нови и богати вкусови.
Дополнително, тартуфите изобилуваат и со низа
хранливи материи. Тартуфот има антибактериски
својства, богат е со антиоксиданси, ги убива
канцерогените клетки, има антиинфламаторни
својства, што ја прави оваа печурка вистински еликсир
на здравјето.
Како да стигнете до Тартуфот
Тартуфите се печурки кои се наоѓаат под земја на длабочина од 10 до 30 см, што ги отежнува да се најдат во природата.
Тартуфите мора да бидат откопани од професионални лица, а начинот на нивното вадење од почвата мора да е прецизен и
внимателен. Овие печурки живеат во симбиоза со корењата на дрвјата, така што нивното внимателно откопување дозволува коренот
на дрвото да се обнови, а од останатите спори на тартуфите, за одреден временски период да се родат нови тартуфи на истото место.
При процесот на трагање се користат добро истренирани кучиња-трагачи и нема потреба од специфична технологија.